19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ќе им продаде 40 тони тешка вода на САД

Иран ќе им продаде 40 тони тешка вода на САД

view-water-arak-facility.si

Иран ќе им продаде на САД дел од своите резерви тешка вода која што се користи во нуклеарните реактори, во рамките на нуклеарниот договор со големите сили, изјави денеска висок ирански функционер.

„Иран ќе им продаде 40 тони тешка вода на САД со посредство на трета земја“, изјавил потпретседателот на иранската Агенција за атомска енергија, Али Апгар Зараен, цитиран од иранските медиуми.

Не навел за која „трета земја“ станува збор, за сумата на трансакцијата ниту за датумот на операцијата. Истакнал дека „шест тони ќе се користат во атомските центри, а остатокот во американските истражувачки центри“.

Во Иран се функционални погони за производство на тешка вода во нуклеарната постројка во Арак. Фабриката во погон е веќе неколку години. Произведената тешка вода требаше да се користи во реакторот во Арак, но Иран се согласи да ги модификува своите планови како гаранција за меѓународната заедница дека тешката вода нема да служи за производство на атомско оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП