1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблет наменет исклучиво за жени

Таблет наменет исклучиво за жени

tabzen1

Компанијата Еуростат од Блискиот Исток на пазарот го лансираше новиот таблет кој е наменет исклучиво за жени.

Причината поради која овој таблет е наменет исклучиво за жени е во тоа што тој содржи вградени апликации кои се направени специјално за готвење, шопинг, грижа за деца, дополнителни апликации за јога, женски парфеми, таблетот поседува и апликација со можности за разговор за различните видови и квалитети на облека и многу корисни алатки за домаќинството. Таблетот има розева позадина, но неговото пласирање не предизвика големо одушевување како што беше планирано.

Една Заедница на жените на Твитер беше огорчена од овој изум, тие коментираа дека ова претставува еден вид на навреда и бесрамен сексизам во доменот на информатичката технологија.

Креаторите на ePad Femme беа повикани од страна на критичарите бидејќи ги потцениле жените на начин со кој ги претставиле дека знаат да се грижат само за јадењето, децата, домот и себе.

Без оглед на се, цената на овој таблет кој поседува Андроид оперативен систем изнесува 200 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП