18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГенералниот директор на VW ѝ се извини на американската јавност

Генералниот директор на VW ѝ се извини на американската јавност

sef vw

Генералниот директор Volkswagen (VW), Матиас Милер и се извини на американската јавноста поради лажирање на податоци на еко-тестовите за емисија на гасови од дизел автомобилите, за време на својата прва посета во САД од избивањето на скандалот во минатата година.

„Знаеме дека ги изневеривме купувачите, властите, регулаторите и јавноста во Америка“, рече Милер во пресрет на отворањето на саемот за автомобили во Детроит.

Тој рече дека искрено му е жал поради лошата постапка на VW и додаде дека најважен чекор на компанијата во оваа година е да ја поврати довербата.

Групацијата со седиште во Волфсбург призна дека во околу 11 милиони дизел автомобили од марката VW, Аudi, SEAT и Ѕkoda ширум светот врадила уреди со софтвер кој ги лажирал податоците за емисија на гасови во лабараториските тестирања, со што се заобиколени американските еколошки стандарди.

Американската влада го тужеше VW поради инсталирање на инкриминиран уред во речиси 600 илјади возила продадени во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП