28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено британското индустриско производство

Намалено британското индустриско производство

uk proizvodsdtvoo 34

Индустриското производство во Велика Британија се намали во ноември со најбрзо темпо во последниве три години, причина за тоа е топлото време и ниската потрошувачка на енергија, соопштува „Bloomberg“.

На месечна основа намалувањето е 0,7%, кај производството на струја и снабдувањето со гас се намалува за 2,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Очекувањата на економистите беа за нулта раст.

Податоците нагласуваат несигурната природа на економскиот раст во Велика Британија, кој останува зависен од домашната побарувачка и услужниот сектор. Откако остана без промена во октомври и се намали во ноември, индустриското производство ќе треба да се зголеми за 0,5% во декември, за да избегне намалување во четвртиот квартал.

Британската фунта поевтини по вестите и се тргуваше за 1,444 долари за фунта.

Производствениот сектор се намалува за 0,4% на месечна основа, што исто така е под предвидувањата. На годишна основа падот е за 1,2%, што е петти последователен пад.

Поради слабите податоци, веројатно Англиската централна банка ќе го одложи укинувањето на каматните стапки од рекордно ниските нивоа. Комисијата за монетарна политика заседава во четвртокот, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП