20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на инфлацијата во Кина

Благ раст на инфлацијата во Кина

kina-kineskata-ekonomija-china

Годишната стапка на инфлација во Кина во декември благо порасна, а производните цени продолжија да паѓаат.

Сето ова ја зголемува загриженоста во поглед на порастот на дефлаторните ризици во втората најголема светска економија.

Во согласност со забавените економски активности, инфлацијата во Кина во декември на годишно ниво пораснала за 1,6 проценти во однос на растот од 1,5 проценти од ноември, пренесува агенцијата Ројтерс.

Истовремено, индексот на производните цени во декември паднал за 5,9 проценти на годишно ниво, соопшти кинеското Биро за статистика, што укажува на 46-тиот последователен месец на пад на тој индекс и на големиот притисок со кој е соочен кинескиот преработувачки сектор во услови на „ладење на економијата“.

„Константниот пад на индексот на производните цени говори дека кинеските компании мораат да го намалат сопствениот товар од долгот“, изјави економистот на Комерцбак, Џу Хао.

Официјалните резултати на анкетата објавени минатата недела покажаа дека кинескиот преработувачки сектор во декември евидентирал пет последователни месеци на пад на активностите, како и дека фабриките продолжуваат да ги отпуштаат работниците, потсетува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП