20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на Волстрит на почетокот на неделата

Благ раст на Волстрит на почетокот на неделата

Wall-Street1

Берзанските индиски S&P 500 и Dow Jones благо пораснаа во понеделникот по силниот пад минатата недела, но добивките беа скромни поради натамошниот пад на цената на нафтата и притисокот на биотехнолошкиот сектор.

Dow Jones зајакна 52 поени, или 0,32 отсто, на 16.398 поени, S&P 500 порасна 0,09 отсто, на 1.923 поени, додека Nasdaq ослабна за 0,12 отсто, на 4.637 поени.

По многу нестабилно тргување, S&P 500 и Dow Jones пораснаа во последните минути од состанокот, но скромно бидејќи под притисок се најдоа цените на акциите во енергетскиот и биотехнолошкиот сектор.

Индексот на енергетскиот сектор потона за 2,1 отсто, по уште еден остар пад на цената на нафтата, која се движи на најниско ниво за повеќе од 10 години.

Тоа е последица од стравувањето на инвеститорите од пад на побарувачката, со оглед на забавувањето на растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини. Од друга страна најголемите светски производители не планираат да го намалат производството.

Силно, за 3,4 отсто, вчера падна Nasdaq индексот на биотехнолошкиот сектор, при што за 5,5 отсто падна цената на акцијата на Celgene, откако компанијата ја намали проценката за добивката.

Од друга страна порасна цената на акцијата на Apple за 1,6 отсто, што најмногу позитивно влијаеше на S&P 500 и Nasdaq индексите.

Инвеститорите се надеваат на закрепнување на цената на акциите по најлошиот старт на годината во историјата на Волстрит. Во првите пет дена од годината Dow Jones загуби 6,2 отсто, додека S&P 500 се намали за 6, а Nasdaq се намали за 7,3 отсто, како последица на сигналите за забавување на кинеската економија, депрецијацијата на кинеската валута и остриот пад на цената на нафтата.

На европските берзи, пак, цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE беше во минус 0,69 отсто, на 5.871 поен, франкфуртски DAX ослабна 0,25 отсто, на 9.825 поени, а париски CAC 0,49 отсто, на 4.312.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП