21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром повторно успешен, Западот не му може ништо

Газпром повторно успешен, Западот не му може ништо

gazprom

Рускиот гасен гигант Газпром минатата година го зголеми обемот на испорака на гас во Европа за осум проценти, и покрај тензиите кои постојат со Западот поради украинската криза.

Според изјавата на генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер, неговата компанија извезла 159,4 милијарди кубни метри гас надвор од поранешните членки на Советскиот сојуз, што е за околу 11,8 милијарди кубни метри повеќе отколку во 2014 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Обемот на испораката во Германија е зголемен за 17 проценти, на рекордни 45,3 милијарди кубни метри, испораките на гас во Франција за речиси 37 проценти, во Италија за повеќе од 12 проценти и во Британија за 10 проценти.

Порастот на извозот на гасот следеше и покрај тензиите во односите на Москва и ЕУ поради украинската криза, поради што официјален Брисел и воведе санкции на Русија, а Кремељ одговори со воведување на ембарго на увозот на прехрамбени производи, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП