6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата продолжува да паѓа, Морган Стенли ја гледа цената на 20 долари

Нафтата продолжува да паѓа, Морган Стенли ја гледа цената на 20 долари

ool

Големиот раст на американскиот долар може да доведе до пад на нафтата до 20 долари за барел, сметаат аналитичарите на Морган Стенли.

Цената на барел нафта може да падне 10-25 отсто, ако американската валута зајакне само за 5 проценти, вели аналитичарот на Морган Стенли, Адам Лонгсон. Глобалната презаситеност доведе до пад на цената на барелот на нафтата под 60 долари, но разликата помеѓу 35 и 55 долари е во силата на американскиот долар, се наведува во извештајот.

Вредноста на нафтата од типот Брент повторно се намали и забележа вкупен пад од 11 отсто од почетокот на годината.

Организацијата на земјите извознички на нафта(ОПЕК) се откажа од лимитирање на производството во декември, што дополнително го влошува глобалното заситување, додека американските резерви и понатаму се на околу 100 милиони барели, над петгодишниот просек.

Барелот нафта падна под 32 долари за прв пат после декември 2003 година. 

Голема загриженост има во поглед на намалување на енергетските потреби на Кина и најавата дека Иран би можел да го зголеми производството со што ќе продолжи и понатаму падот на цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП