19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на вработените во лондонското метро

Штрајк на вработените во лондонското метро

underground 335

Персоналот во лондонското метро планира да одржи 24-часовни штрајкови, како и други протести поради платите и ноќните смени, соопштува „BBC“, повикувајќи се на транспортниот синдикат „RMT“. Штрајковите ќе бидат на 26-ти јануари, 15-ти и 17-ти февруари.

Генералниот секретар на „RMT“, Мик Каш изјави дека членовите на транспортниот синдикат се бесни по воведувањето на плановите за ноќниот транспорт.

Од компанијата „London Undeground“ предложија четиригодишен договор за платите и изјавија дека ќе ангажира вработени со скратено работно ден кои ќе ги опслужуваат ноќните смени за викендите.

Порано од синдикатот на машинистите „Aslef“ тврдеа дека претходното раководство на „London Undeground“ одбило да разговара условите по предлогот за т.н. „Night Tube“.

Ноќните смени на лононското метро требаше да започнат во септември и пет линии мораа да имаат 24-часовна услуга во петок и сабота, наведува „BBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП