19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива без забрани, силен ветар на Стража, Маврово и Шапка

Сообраќајот се одвива без забрани, силен ветар на Стража, Маврово и Шапка

soobrakaj-avtopat

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и наместа по влажни коловози. Ветар со силен интензитет има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП