15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБ: Обврзниците повторно во фокусот на инвеститорите

МБ: Обврзниците повторно во фокусот на инвеститорите

mk berza

Првиот трговски ден оваа седмица на Македонската берза наликуваше на продолжеток од петочното тргување, односно фокусот на инвеститорите беше примарно насочен кон обврзниците.

Апсолутен победник по реализиран промет беше обврзницата од 14-та емисија (РМДЕН14), каде беа истргувани 85.787 обврзници со вкупен промет од 5.019.440,26 денари.

Кај акциите единствен „милионер“ беше акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје со вкупен промет од 2 милиона денари. Просечната цена на акцијата изнесуваше 2.321,23 денари, а беа истргувани вкупно 869 акции. Најголем пад на вредноста (-5,66 отсто) со преку 60 истргувани акции, забележа акцијата на „Топлификација“ АД Скопје.

Вкупниот промет на Македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 9.333.381,26 денари реализиран преку 42 трансакции. МБИ-10 имаше незначителна промена и изнесуваше 1.823,04 поени, додека, па,к ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП