26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Економскиот раст во еврозоната стабилен, стабилизација во Кина

ОЕЦД: Економскиот раст во еврозоната стабилен, стабилизација во Кина

OECDf45tfg56ty56y67u

Состојбата во кинеската економија се стабилизира, а еврозоната е на пат на стабилен раст, додека американската и британската економија забавуваат, покажа во понеделник објавениот редовен месечен извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во ноември месечниот показател (CLI) на ОЕЦД за еврозоната, форматиран за да ги детектира промените во економските трендови, остана непроменет во однос на претходниот месец и изнесуваше 100,6 поени, сигнализирајќи стабилен раст. Вредноста од 100 поени, инаку, претставува долгорочен просек.

Во рамките на еврозоната Франција и Италија бележат вредности на индексот над долгорочниот просек, од 1009 поени, што укажува на зацврстување односно стабилно темпо на растот, имајќи ја непроменливата вредност на италијанскиот CLI, односно благиот раст на францускиот за 0,1 поен.

Германија е благо под долгорочниот просек, со индекс од 99,9 поени, кој со тоа остана непроменет во однос на претходниот месец, што значи дека растот би требало да остане стабилен.

Истражувањето на ОЕЦД, исто така, покажува сигнали и на стабилизација во Кина и во Бразил. Индексот за Кина пораснал во ноември на 98,4 поени, од 98,3 колку што изнесуваше во октомври. Бразилскиот, пак, пораснал од 99,3 на 99,5 поени.

„Меѓу водечките економии во формирање, индексите за Кина и за Бразил ги покажуваат првите несигурни знаци на стабилизација кои веќе се појавија во минатомесечната оцена“, се наведува во извештајот.

„Во Русија, пак, CLI го антиципира подзабавувањето на растот, додека CLI за Индија навестува зацврстување на растот“, се додава во извештајот. Рускиот индекс се лизнал од 99,6 поени во октомври, на 99,4 поени во ланскиот ноември.

Во групата водечки економи послабо темпо на раст е означено за Велика Британија и за САД, „Во Велика Британија и во САД, CLI укажуваат на подзапирање на растот, иако од релативно високи нивоа“, констатираат во ОЕЦД. Американскиот CLI се лизнал во ноември на 99,1 од 99,2 поен од претходниот месец. Британскиот, пак, забележал уште поголем пад, од 99,3 на 99,1 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП