26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа пица во старата добра скопска „Галија“ !

На пица во старата добра скопска „Галија“ !

galija-naslov-s

Животот е краток за да не уживаме секој момент во него!

Секој ресторан си има свои специјалитети, а скопјани многу добро знаат каде има добра храна, каде се јаде скара, или дека најдобрата пица се јаде во ресторанот Галија. Некако оваа кафеана со години градеше имиџ со добрите готвачи кои покрај стандардните пици, знаат да подготвуваат и пици со интересни вкусови како на пример пицата со спанаќ и лук. Покрај пиците и тестенините, тука се готви многу вкусен бифтек и разни специјалитети од свежо месо. Секој посетител мора да проба некоја од салатите кои се навистина со интересни комбинации. Амбиентот е многу пријатен со љубезен персонал кој може да ви помогне при изборот на храната.

ukrasena-galija

Галија е градска кафеана со боемски дух. Оние кои неодамна го посетиле ова култно место ќе речат ова не е констатација од минатото, туку напротив реалност, на задоволство на сите љубители на добрата храна и забавната музика. На стара локација на ул. Водњанска, но комплетно реновирана, со врвни готвачи, љубезен персонал и музика во живо „Галија“ повторно блеска  и е посакувано место за луѓе со вкус.  Место каде ќе се запее, наздрави и ќе се посака нешто убаво!

pica

biftek-galija

А скопјани посакуваат убави работи, знаат да уживаат и да го живеат моментот. Во последно време се повеќе ова место е изборот за голем број на бизнисмени, дипломати, познати градски фаци кои го посетуваат и воодушевени си одат. Ресторанот работи секој ден, цените се пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера, во Галија секое дружење се претвора во позитивно искуство… животот е краток за да не уживаме секој момент во него!

picmajlija

ambient-galija-2

njoki-benedeto-galija

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП