6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи падот на цената на нафтата на светските берзи

Продолжи падот на цената на нафтата на светските берзи

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на нафтата на светските берзи повторно падна во понеделникот, спуштајќи се на најниско ниво за 12 години со оглед дека забавувањето на економскиот раст во Кина ги потисна очекувањата за закрепнување на побарувачката во новата година.

На лондонската берза цената на барелот падна 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,08 долари. Во минатата недела барелот во Лондон поевтини за 15 отсто, а на американската берза со барелот денеска се тргува по 52 центи пониска цена, од 32,64 долари.

Кина и на почетокот на новата недела беше во фокусот на светските берзи каде се стравува од подзапирање на економските активности, а со тоа и од пад на побарувачката во вториот по големина побарувач на нафта на светот. Овие стравувања ги потврдија и пресметките на банката Barclays според кој нафтената побарувачка во Кина во ноември е намалена за 4,9 отсто во однос на претходниот месец, односно за два отсто на годишно ниво.

Аналитичарите посебно го издвојуваат падот на вредноста на кинескиот јуан и двата прекини во работењето на берзата во Шангај поради остриот пад на цената на индексот. Превирањата продолжија и во понеделникот, па акциите на водечките компании во индустрискиот сектор паднаа за дополнителни пет отсто додека каматите на прекуноќни заеми во јуани на пазарите вон Кина скокна над 40 отсто, најмногу од почетокот на тргувањето со јуанот на одреден број пазари надвор од Кина.

„Ако може да се суди по првата недела, не чека долга, нестабилна и многу исцрпувачка година. Првата недела почна лошо, а заврши добро, што загрижува што реакција на пазарот беше иста-продавај, продавај, продавај“, коментира Дејвид Хафтон од PVM Oil Associates.

„Кина им ја згасна надежта на оптимистите. Се овистинија прогнозите за трет дел на финансиска криза, кој се одвива на пазарите до развој, а беше најавен од ММФ, Светската банка и Банката за меѓународно порамнување“, додава Хафтон.

Од Morgan Stanley во понеделникот објавија дека цената на нафтата би моела да падне и под 30 долари, особено ако доларот зајакне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП