2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПад на продажбата на возила и во Франција

Пад на продажбата на возила и во Франција

francija

Како и во многу европски држави, нов пад во продажбата на автомобили е забележан и во Франција. Пазарот на возила во оваа земја е во рецесија и во март месец. Продажбата на нови возила опаднала на 165.244 единици што е за 16.4 проценти помалку отколку во истиот месец во 2012-та година.

Во март продажбата на Групацијата „PSA (Peugeot-Citroen)“ опадна за дури 23.6 проценти, додека „Renault“ помина подобро со пад од 8.3 проценти, благодарејќи на продажбата на автомобили од марката „Dacia“.

Групацијата „Volkswagen“ минатиот месец исто така забележа намалаување на продажбата на францускиот пазар и тоа за 19 проценти.

Според податоците на Здружението на произведувачите на автомобили, пад на продажбата на автомобили на тој пазар во третиот квартал од 2012-та година изнесува 14.7 проценти во одност на истиот период од 2011-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП