21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБарате работа? Внимавајте вашата фотографија на Фејсбук да биде соодветна

Барате работа? Внимавајте вашата фотографија на Фејсбук да биде соодветна

face-640x330

Според истражувањето спроведено во Белгија, еден од начините на коj работодавците ги проверуваат кандидатите за работа е прегледувањето на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук, пренесува Anadolu Agency.

Истражувачите од Универзитетот во Гент го спроведоа истражувањетo во чии рамки се упатени најмалку две илјади апликации за работа во различни компании.

Во биографиите на кандидатите за работа не се приложени фотографии од лицата, туку се нагласени „лажни“ Фејсбук профили кои содржеле различни фотографии од исти лица.

Врз основа на одговорот од компанијата е заклучено колку фотографијата делувала на одлуката на компанијата дали ќе го повика кандидатот на разговор.

Професорот кој учествувал во истражувањето Стејн Баерт изјави дека резултатите од истражувањето покажале дека кандидатите со „погодна“ или соодветна фотографија на Фејсбук профилот за 21 проценти повеќе добивале позитивни одговори, односно за 40 проценти повеќе оние со соодветна фотографија добиле повик за разговор.

Во сите биографии на кандидатите се наведени слични карактеристики кога станува збор за образованието и деловното искуство, што довело до заклучок дека работодавците ги посетиле нивните Фејсбук страници, односно ги виделе фотографиите на кандидатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП