21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Доаѓаат ли тешки времиња за технолошката индустрија?

График на денот: Доаѓаат ли тешки времиња за технолошката индустрија?

teh uredi 33

Пред официјалниот почеток на еден од најголемите саеми за потрошувачка електроника во светот „Consumer Electronics Show“ (CES) минатата недела, консултантската компанија „Accenture“ објави меѓународна студија со цел да ги земе денешните трендови меѓу технолошките корисници. Резултатите се отрезнувачки, а деценијата на иновации и раст очигледно оди кон својот крај, коментира „Statista“.

Според анкетата на „Accenture“, потрошувачите се помалку се склони да купат нови технологии во оваа година во споредба со пред 12 месеци. Не само дека пазарите достигнаа одредено ниво на заситеност, туку и темпото на иновации исто така малку забавува.

Денешните нови смартфони, иако и без сомнение се подобри од оние од пред две години, немаат „убиствени“ нови функции, со кои ќе го убедат просечниот корисник дека има потреба од нов. Околу 47% од оние кои не планираат да купат нов смартфон оваа година, велат дека се задоволни од сегашниот уред и не гледаат потреба од нов.

Бидејќи побарувачката на нови „мотори“ на раст во последните неколку години се забавува, веќе е време нова генерација на уреди да излезат на сцената. Паметните часовници, фитнес тракерите и другите уреди за поврзување, сепак засега не успеваат да остават голем впечаток на пошироката јавност. Помалку од 15% од испитаниците од „Accenture“ планираат да купат некој од овие уреди, определени како „следниот голем удар“ во оваа година.

teh uredi 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП