26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSNB: Швајцарскиот франк годинава ќе биде стабилен или ќе слабее

SNB: Швајцарскиот франк годинава ќе биде стабилен или ќе слабее

svic banka ee

Швајцарскиот франк оваа година веројатно ќе биде стабилен или може да слабее, прогнозира во интервјуто за швајцарските медиуми, гувернерот на Швајцарската народна банка (SNB), Томас Јордан.

Пред речиси точно една година SNB ги шокираше финансиските пазари со укинувањето на минималниот курс на швајцарскиот франк во однос на еврото од 1,20 франци за евро, кој го бранеше повеќе од три години за да го заштити извозно ориентираното стопанство од товарот на претерано силна национална валута. По тој потег франкот зајакна за дури 30 отсто во однос на еврото, а во втората половна од минатата година да се стабилизира на 1,08 франка за евро. Силниот франк зема данок од многу швајцарски компании и тамошната економија во третото ланско тримесечје стагнираше, потсетува Reuters.

„Очекуваме дека франкот ќе остане на сегашното ниво или благо ќе ослабе. Доколку франкот значително би ослабел, тоа ќе биде многу добро за економијата, извозот ќе биде многу подобар, а растот ќе забрза. Доколку, пак, зајакне, ќе се случи спротивното“, одговори швајцарскиот гувернер во саботниот разговор за радиото SRF на прашањето за очекувањата за швајцарската економија во 2016 година.

Во декември SNB воведе негативни каматни стапки, а гувернерот во петокот го бранеше тој потег во друго интервју за швајцарската телевизија. Во саботното радиско интервју, пак, тоа го толкуваше со „Воведовме негативни каматни стапки и подготвени сме да интервенираме на девизниот пазар. Двете мерки би требало да го ублажат притисокот врз франкот и да му помогнат со текот на времето дополнително да ослаби“.

Запрашан на кое ниво SNB ќе интервенира, Јордан одговори „По укинувањето на минималниот курс, бевме сведоци на многу силното јакнење на франкот. Во меѓувреме ослабе“. Додаде дека швајцарската централна банка имплицитно не го утврдила минималниот курс. „Не го следиме само еврото, туку ситуацијата со валутите во глобала“, истакна Јордан.

Повтори дека швајцарскиот франк е претерано силен, особено во однос на еврото, но и додаде дека зачувувањето на минималниот курс донело повеќе штети отколку полза. „Цврсто сме убедени дека без таа одлука, последиците ќе беа уште полоши. Ќе го пропуштевме моментот во кој сé уште некако можевме на разумен начин да го укинеме минималниот курс“, појасни челникот на швајцарската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП