19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот мотор на словенечкиот економски раст

Извозот мотор на словенечкиот економски раст

slovenijaplataluge1

Словенија во ноември минатата година извезe стока во вредност од 2,1 милијарди евра, што е раст од 4,4 проценти, додека увозот опаднал за речиси 1,0 проценти на 2,0 милијарди евра.

Последните статистички податоци покажуваат дека извозот и понатака е мотор на словенечкиот економски раст, оценува агенцијата СТА.

Европската унија во ноември била најголемиот надворешно-трговски партнер на Словенија со удел од 77 проценти на страна на извозот и 82 проценти на страна на увозот, соопшти словенечкиот завод за статистика.

Вредноста на извозот во ЕУ е зголемена во споменатиот месец за 3,9 проценти, додека извозот во државите надвор од Унијата порасна со побрзо темпо, за 6,3 проценти.

Увозот од земјите од 18-члениот блок скокна за 4,3 проценти, а купената стока од трети земји се намалила за една петина.

За единаесет месеци од минатата година, словенечкиот извоз е зголемен за 4,4 проценти во однос на истиот период претходната година, а увозот пораснал за 2,2 проценти, наведува СТА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП