15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поевтинуваат половина, дизелот еден денар

Бензините поевтинуваат половина, дизелот еден денар

benzin5

Малопродажната цена на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, додека дизелот поевтинува за денар, објави во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на литар еуросупер БС-95 изнесува 61 денар, додека литар еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 63 денари.

За литар еуродизел ќе треба да се издвојат 42,5 денари, додека новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 31,5 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,645 денари за килограм, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,324 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот период изнесуваше 35,301 долари за барел и е за 3,99 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период е за 0,136 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,27 отсто или, кај дизелот намалување во просек за околу 2,12 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 3,37 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението на регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП