2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокaда пред Влада, автошколите бараат да се повлече одлуката за снимање

Блокaда пред Влада, автошколите бараат да се повлече одлуката за снимање

avtoskoli 333

Стотина возила на автошколи од цела Македонија, се паркираа пред зградата на Владата во Скопје, од каде со свирежи од колите, упатија барање да се укине одлуката за снимање на кандидатите за возачки дозволи.

Со протестот пред Влада, што почна на пладне, авто-компаниите бараат поништување на одлуката со која законски се воведе снимање на канидатите за време на обуката за возење.

Сметаат дека ваквата законска одредба ја нарушува приватноста на кандидатите, а автошколите се изложени на дополнителен трошок за обезбедување на опрема за снимање.

Претставници на автошколите со своите возила се паркирани пред зградата на Владата, која е под засилено полициско обезбедување и не се знае до кога ќе протестираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП