26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛДП бара Изаири да преземе мерки за аерозагадувањето во сите грдови

ЛДП бара Изаири да преземе мерки за аерозагадувањето во сите грдови

zagaduvanje sk 33

Либерално-демократската партија бара одговор од министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, по кои критериуми и проценки избрал да ги испитува причините за аерозагадувањето само во градовите Тетово и Скопје, затоа што сметаат дека загадување на воздухот има и во повеќе други градови.

„Како партија на која врвен приоритет и’ е здравата животна средина за граѓаните на Република Македонија, е неприфатливо парцијалното и дискриминирачко однесување на Министерството за животна средина, кое ги утврдува причините за аерозагадувањето само во овие два града, кога се знае дека уште најмалку три градови – Битола, Кичево, Кавадарци, секојдневно дишат смртоносен воздух, а последиците од него силно и болно удираат врз здравјето на граѓаните. Од таму, ЛДП јавно го прашува министерот Изаири, дали си поигрува со сериозноста на проблемот со аерозагадувањето?“, се вели во соопштението.

Сметаат дека има дузина енормно загадени градови во Македонија, па затоа министерот не требало да ги избере само Тетово и Скопје за поставување на филтри, заради што го обвинуваат за несериозен и популистички пристап кон овој горчлив проблем како дел од кампањата на власта пред закажаните парламентарни избори.

„Уште стотици илјади граѓани, надвор од Тетово и Скопје, секојдневно ги дишат смртоносните ПМ 10 и ПМ 2, 5 честички, а државата не прави ништо за намалување на аерозагадувањето. Од таму бараме аерозагадувањето, причините и потеклото на штетните материи да се испитуваат во сите градови каде мерните станици секојдневно покажуваат високо ниво на загаденост на воздухот“, велат од ЛДП.

Во спротивно, од партијата ќе сметаат дека министерот Изаири потврдува дека РЕК-Битола ја загадува Битола, РЕК-Осломеј градот Кичево , а Фени Индустри го загадува Кавадарци, но не презема ниту малку одговорност за последиците од загадувањето од овие индустриски капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП