
Традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, годинава ќе се одржи по јубилеен дваесетти пат.


Традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, годинава ќе се одржи по јубилеен дваесетти пат.
Централната манифестација е закажана за среда, 13.1.2016 година, во 19:00 часот, на платото во паркот во населбата Мичурин.
Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи богата музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.
За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи.
Во рамките на овогодишната Мичуринска средба ќе се одржи и ученичката приредба и тоа од 17:00 до 19:00 часот, во чија организација се вклучени младите мајки мичуринки и ученици од ОУ „Блаже Конески“. Училишната програма ќе содржи рецитали, хорски настапи, куклена претстава и модерни танцови. Инаку, музиката за добро расположение во Мичурин ќе почне во 12:00 часот на пладне, со што ќе почне одбележувањето на празникот Василица.