12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина тешко ќе оствари стапка на раст над 6,5 отсто

Кина тешко ќе оствари стапка на раст над 6,5 отсто

kina-rasrt

Кина тешко ќе успее да оствари економски раст од над 6,5 отсто во периодот од 2016 до 2020 година, при забавување на глобалната побарувачка и растот на трошоците за труд, објави весникот China Securities Journal, цитирајќи го водечкиот државен советник.

„Во последните 30 години на реформи и отворање, кинескиот бруто домашен производ достигнуваше годишен раст до 10 отсто. Во споредба со тоа, раст од 6,5 отсто не е висок, но и тој ќе биде многу тешко да се достигне“, рече претседателот на Развојниот истражувач центар на Државниот совет Ли Веи.

Според него, главни фактори кои негативно влијаат врз економскиот раст се забавувањето на растот на глобалната економија, растот на трошоците за живот кој ја нагризува конкурентската предност на Кина и зајакнатата загриженост за човековата околина, што значи дека земјата нема да може да се индустријализира со толку брзо темпо како што беше во минатото.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг рече дека државата мора да одржува просечен годишен раст од барем 6,5 отсто во наредните пер години за да го постигне целното удвојување на бруто домашниот производ и доходот по жител до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП