1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија овие професии гарантираат добра заработувачка!

Во Германија овие професии гарантираат добра заработувачка!

berlin

Доколку имате завршено за доктор, правник или инженер и секако, да работите во некоја голема компанија, тогаш може да се надевате на добра заработувачка во Германија. Вака изгледаат резултатите од моменталната состојба на платите за професионалците и менаџерите.

Според најновото истражување најмногу заработуваат докторите или во просек 77.950 евра бруто годишно. „Само“ 65.040 евра е сумата која годишно ја земаат правниците, додека инженерите и IT професионалците заработуваат околу 59.000 евра годишно.

Што се однесува до различните видови сектори, најдобро платени се работниците во банкарскиот сектор (62.541 евра), фармација (59.990 евра) и индустријата за возила (59.727 евра).

Податоците покажаа дека најслабо се заработува на Исток. На пример, во Саксонија-Анхалт просечната плата е 38.309 евра годишно. Полошо се заработува и во Мекленбург- Западна Померанија (39.377 евра), Саксонија (40.022 евра), Браденбург (40.022 евра) и Тирингија (40.213 евра). Најдобро се заработува во Хесе, Баварија и Баден – Виртемберг.

Министерството за економија неодамна предупреди дека во Германија до 2020 година ќе недостасуваат 1.3 милиони работници. Високообразованите во оваа земја заработуваат 35% повеќе отколку оние без факултет. Докторите заработуваат за 16% повеќе од магистрите – во просек 64.419 евра.

Вработените во помалите компании заработуваат речиси 10 проценти помалку од оние кои работат во поголеми компании. Иако станува збор за земја членка на ЕУ, каде што се наложува да има полова еднаквост, во Германија припадниците на посилнот пол годишно земаат повеќе плата од жените (пр. Докторите во просек повеќе од 16.720 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП