27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина Дејвид Боуви

Почина Дејвид Боуви

david_bowie_-_h_-_2003

Музичката икона Дејвид Боуви почина ноќта кон понеделникот, по 18-месечна борба со ракот, соопшти неговото семејство.

„Дејвид Боуви почина мирно, опкружен со семејството, по 18-месечна храбра битка со ракот. Иако многумина од вас ќе се приклучат кон изливите на болка поради оваа загуба, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството додека тагува“, објави на социјалната мрежа тимот на Боуви.

Култниот британскиот музичар кој во половина век ја обележи и ја менуваше музичката сцена пред три дена го прослави 69-от роденден, објавувајќи го албумот Blackstar, а јавноста не беше запозната со неговата болест.

Дејвид Боуви е роден 1947-ма година во Лондон како Дејвид Роберт Џонс. Кариерата му трае повеќе од четири децении, а во историјата на музиката се запиша како човек со илјада лица, уметнички имиња и музички стилови – од глем рок, соул, денс поп до електронска музика. Еден од најинвентивните и највлијателни музичари, настапи и во неколку филмови и телевизиски продукции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП