12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW развива технологија за поправање на лажираните емисии гасови за да ги...

VW развива технологија за поправање на лажираните емисии гасови за да ги примири САД

vw

Челникот на германскиот автомобилски концерн „Volkswagen“ (VW) Матијас Мелер би требало наскоро да го претстави техничкото решение за дизелските мотори опремени со софтверот кој ги лажирал податоците за емисиите на штетните гасови за да ги умират американските еколошки власти.

Загрозената германска компанија развила нов катализатор кој би можел да ги намали емисиите во согласност со прописите, пишува весникот Bild am Sonntag.

Милер ќе ѝ ја претстави новата технологија на Џина Меккарти, челничката на Американската агенција за заштита на природната околина (EPA) на состанокот во среда во Вашингтон, се додава во написот.

Граѓанската тужба, којашто минатата седмица му беше предадена на сојузниот во Детроит во името на EPA, содржи наводи дека уредите на VW ги прикривале вистинските емисии на штетните гасови што резултирало со загадување на воздухот.

Се проценува дека околу 600.000 вакви возила во САД имаат ваков софтвер. Според написот, компанијата има намера да опреми 430.000 возила со новиот катализатор, доколку го одобри EPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП