8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг ќе затвори 2.500 компании во борбата против загадувањето

Пекинг ќе затвори 2.500 компании во борбата против загадувањето

pekign zagaduvanje

Кинеската престолнина Пекинг ќе затвори околу 2.500 мали компании загадувачи во борбата против загадувањето на воздухот, известија во денеска тамошните медиуми.

Загадувањето во Кина е многу чувствителна тема, и секоја година се одржуваат илјадници протести поради загриженоста во врска со еколошките проблеми на најмногубројната нација на планетата.

Агенцијата Ксинхуа во саботата пренесува дека ќе биде побарано четири округа во главниот град Пекинг, кој оваа зима прогласуваше „црвена“ тревога поради извонредно високите и опасни за здравјето нивоа на смог, да затворат 2.500 фирми до крајот на годинава, со тоа што уште би требало да бидат затворени следната година.

Министерството за природна средина предупреди во саботата дека тешкиот смог ќе се врати следната седмица во Пекинг, во покраината Хебеи и во блискиот град Тианџин.

Претходно зимава кинеските власти беа принудени времено да ги затворат и автопатите јужно до Пекинг, бидејќи смогот ја намалуваше видливоста на помалку од сто метри во мегалополисот.

Покрај главниот град, и најгусто населениот кинески град Шангај, исто така, се бори со тешкото загадување на воздухот. Кон крајот на ланската година, кинеските власти издадоа предупредување за големи концентрации на штетни материи во воздухот за 50 градови во северниот и источниот дел од земјата.

Последните години Кина бележи исклучително високо ниво на загадување на воздухот, особено во североисточниот дел, кој е индустрискиот центар на втората според обемот светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП