30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуси купуваат имоти во Турција

Руси купуваат имоти во Турција

istanbuldbno7uy39jsojcf

Руските граѓани пројавуваат силен интерес кон станови и недвижности во Турција и покрај политичкиот конфликт меѓу двете земји, кој избувна по соборувањето на рускиот авион од турски борбени авиони над Сирија.

Според агентите, само од датумот на инцидентот, кој се случил на 24-ти ноември минатата година, руските граѓани купиле станови во Турција за 37 милиони долари. А во текот на 2015-та година биле купени имоти со вкупна вредност од 398 милиони долари.

Агентите го објаснуваат интересот на Русите за купување на недвижен имот во Турција поради поволните цени и атрактивните географски услови – блага клима, море. Најмногу станови од Руси се купени во Анталија, а потоа следува Истанбул.

Претставник на Друштвото за култура и соработка Русија-Турција коментира дека Русите кои живеат во Турција, чиј број надминува 150 илјади луѓе, „веруваат дека кризата ќе заврши, бидејќи е проблем на политичките водачи на двете држави, а не на народите на Русија и Турција“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП