
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.


Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од недела ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините. До вторник ќе биде релативно топло, а од среда се очекува спуштање на дневната температура. Во вторник ќе започне да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.
Од 15-ти Ноември 2015-та година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти Март 2016-та година.