27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови проблеми за Бразил

Нови проблеми за Бразил

brazil1155

Годишната инфлација во Бразил минатата година се искачи на највисокото ниво за последните 12 години, на 10,67 проценти, соопшти владата во Бразилија.

Вака високата стапка на инфлација, која во оваа земја не е забележана од 2002 година, е повеќе од двојно поголема од владините цели од 4,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Агенцијата констатира дека тоа е најновиот знак за економските проблеми во седмата според големина светска економија.

Државната статистичка агенција IBGE соопшти дека потрошувачките цени во месец декември пораснале за 0,96 проценти на месечно ниво, по растот од 1,01 проценти во месец ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП