23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците се побрзо наоѓаат работа

Американците се побрзо наоѓаат работа

1812795620568fc45aa4e26281243753_w640

Американските работодавци во месец декември отвориле дури 292,000 нови работни места.

Тоа покажува дека американската економија за сега успешно им се спротивставува на глобалните трендови и бележи солидно темпо на економски раст.

Според податоците на американското Министерство за труд, стапката на невработеност во декември, трет месец по ред, се задржи на пет проценти, пренесува агенцијата АП и додава дека поголем број на Американци започнале да бараат работа и дека многумина ја пронашле.

Американското министерство, исто така, соопшти дека во октомври и ноември се отвориле 50.000 работни повеќе отколку што првично беше соопштено, како и дека во четвртиот квартал од 2015 година се отворени во просек по 284.000 работни места месечно, што е најдобриот квартален резултат во минатата година.

Силните податоци за вработувањето укажуваат на отпорноста на американската економија во услови на проблеми во глобалната економија, кои се предизвикани со забавувањето на кинеската економија и падот на акциите на светските берзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП