5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзаири: Желино е пример за ефикасно спроведување на еколошките проекти

Изаири: Желино е пример за ефикасно спроведување на еколошките проекти

изаири-зелино

Желино е добар пример на доследно и навремено спроведување на сите предвидени еколошки проекти, изјави во петокот министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во рамки на активностите за продлабочување на соработката со локалните самоуправи во заштитата на животната средина ја посети оваа тетовска општина, при што оствари работна средба со градоначалникот Фатмир Изаири и со раководниот кадар во општината.

Изразувајќи задоволство од досегашната соработка со оваа локална самоуправа, министерот Изаири нагласи дека општина Желино е една од најпосветените општини во решавање на проблемите во животната средина и е добар пример на доследно и навремено спроведување на сите предвидени еколошки проекти.

Како резултат на заеднички активности досега се реализирани проектите за изградба на фекална канализација во Желино, потоа во Стримница, а од недодамна и во Палатица и Требоште.

На иницијатива на градоначалникот Фатмир Изаири, исто така, беше разгледан и предлогот за вклучување на општина Желино во регионалниот водоснабдителен систем кој ќе опфаќа четири опшини од Полошкиот регион, со што трајно би се решил проблемот со водоснабдување на населението од овој регион со квалитетна вода за пиење. Разгледани се и можности за обезбедување на дополнителни финансиски извори неопходни за реализација на проектот.

Заокружувајќи ја проблематиката со водоснабдувањето и со канализационата мрежа, донесен е заеднички заклучок дека во наредниот период треба да се размислува за реализација на пречистителна станица за отпадните води со што комплетно би решиле проблемите во областа на третман на водите.

Како посебна точка беше разгледано и прашањето за регионалната депонија за комунален отпад кон која треба да се вклучи и општина Желино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП