7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентар за трансплантација ќе се отвори во Градската болница во Скопје

Центар за трансплантација ќе се отвори во Градската болница во Скопје

organi transplatacija 3353

Наскоро во Македонија ќе се отвори центар за трансплантација, кој ќе биде сместен во Градската општа болница „8-ми Септември“ и таму ќе се вршат најсложени трансплантации на органи и ткива, како и најсложени хируршки зафати.

Клиниката за трансплантација ќе има хируршки оддел, оддел за анестезија, лабораторија, хоспитален дел и оддел за радиологија, најави премиерот Никола Груевски.

На последната седница на Владата бил прифатен законот за формирање Центар за трансплантација, а предлогот е испратен до Собранието. Исто така, усвоена е и програмата за трансплантација на бубрег, срце и црн дроб.

„Законот предвидува да се формира Центар за трансплантации во кој ќе влезат најдобрите научници, академици од МАНУ, врвни лекари, но и млад кадар кој ќе се обучува и каде ќе се врши трансплантација на бубрег, срце и на црн дроб“, изјави Груевски, одговарајќи на прашање по увидот во градежните активности на патарината Романовце за реализација на проектот за инсталација на опрема за електронска наплата на патарините.

Груевски потенцира дека во некои од околните држави нема вакви центри за трансплантација, така што овој центар ќe има потенцијал да привлече пациенти од некои од соседните земји од регионот.

За оваа намена предвиден е буџет за почеток на потребните работи од околу милион евра.

Ваков тип клиники постојат во повеќе земји, како Англија, Франција, Израел и други, а клиниката во Македонија ќе изведува врвна медицина и со неа ќе може да раководат членови на МАНУ, врвни искусни експерти, доктори и научници, каде ќе биде ангажиран и млад кадар кој ќе соработува со афирмирани експерти од странски центри, појасни Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП