3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се движи околу 34 долари за барел

Цената на нафтата се движи околу 34 долари за барел

nafta 94

Цената на нафтата се стабилизираше денеска на светските берзи на ниво од 34 долари, сопрена од тврдокорната прекумерна понуда и тмурните изгледи за побарувачката.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 33,84 долари. Ниту на американската берза немаше промени во цената и со барелот се тргува по 33,27 долари.

Во изминатите денови во фокусот на вниманието беше остриот скок на резервите на бензинот во САД и загриженоста за побарувачката од кинеската економија откако централната банка повторно го девалвираше јуанот, а берзите потонаа што дополнително ја разгори загриженоста за економскиот раст во Азија.

Кинеските берзи денеска пораснаа, а јуанот се стабилизираше откако Кинеската централна банка прв пат за девет трговски денови ја ревалвираше домашната валута, пишува Reuters.

Кина е голем потрошувач на нафта, па тамошните потреси силно одекнуваат на нафтените берзи, поттикнувајќи загриженост за побарувачката. Ова особено важи во контекст на долготрајната прекумерна понуда на снабдувањето, искажана во фактот дека минатата година светот дневно произведувал 1,5 милиони барели нафта повеќе од што се трошеше.

Организацијата на држави извозничи на нафта (OPEC) и Меѓународната агенција за енергетика очекуваат дека глобалниот раст на побарувачката во 2016 година ќе забави на 1,20 до 1,25 милиони барели дневно, од многу високи 1,8 милиони барели дневно во 2015 година.

„Пазарниот тренд всушност и не е променет, треба многу повеќе докази за да може да се говори за промени односно за застој во падот на цената“, толкува Мајкл Полсен од Global Risk Management.

Засебно, OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесуваше 27,85 долари, што значи дека била 1,90 долари пониска во споредба со претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП