16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ ѝ предвидува на Македонија раст од 3,4 отсто

СБ ѝ предвидува на Македонија раст од 3,4 отсто

svetska_banka

Република Македонија во оваа година ќе оствари економски раст од 3,4 отсто, а во следните две години растот ќе забрза, прогнозира Светска банка (СБ) во анализата „Глобални економски перспективи“.

Од земјите во регионот се предвидува најголем раст, од 3,5 отсто, да забележи Косово. Следат Македонија и Албанија, со 3,4 отсто, пред Црна Гора за која се прогнозира раст од 2,9 отсто.

Босна и Херцеговина и Бугарија ќе се развиваат со 2,3 отсто, односно 2,2 отсто, а најнизок раст од 1,8 отсто се очекува да има за Србија.

Според проценките на СБ, Македонија во 2015-та година остварила раст од 3,2 отсто, колку што имала и Црна Гора, со што се лидери во регионот. Косово имало раст од 3 отсто, Бугарија 2,9 отсто, Албанија 2,7 отсто,  БиХ 1,9 отсто, а Србија остварила раст од само 0,8 отсто.

Како главни ризици за економиите од земијте од регионот СБ ги издвојува геополитичките тензии и бегалската криза.

„Геополитичките тензии висат над регионот. Нерешавањето на конфликтот во источна Украина би ја погодиле една од најголемите економи во регионот и би довеле до проширување на санкциите кон Русија, што би имало и регионални ефекти. Интензивирањето на насилството во Сирија може да го зголеми бројот на бегалците, што ќе влијае на Турција и на Балканот. Ниското ниво на цените на стоките и намалените парични трансфери од странство може да бидат пречка за голем број земји“, велат од СБ.

Во извештајот се прогнозира дека во оваа година година ќе дојде до благо забрзување на глобалниот економскиот раст од 2,4 отсто и за минатата година на 2,9 отсто.

Предвиденото зголемување во јануари е помало од проценките изнесени во претходниот извештај од јуни 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП