19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на куќите во Шпанија забележаа прв годишен раст од 2007-ма

Цените на куќите во Шпанија забележаа прв годишен раст од 2007-ма

cibeles333

Цените на куќите во Шпанија се зголеми за 1% од минатата година на национално ниво. Ова го покажуваат најновите податоци на компанијата за имот „Tinsa“.

Ова е прв годишен раст на цените од 2007-ма година, покажуваат уште податоците.

Растот во целина е диктиран од зголемувањето на цените во Каталонија, регионот околу Мадрид и на Балеарските Острови.

Најсилен раст на цените на недвижностите во Шпанија минатата година е забележан во Каталонија – 5,3%, следена од Мадрид – 3,3%, и Балеарските Острови – 2,7%.

Не во сите области на Шпанија, пазарот на недвижности е на патот на закрепнување. Во Навара пример е забележан пад на цените од 8,5%, а во Мурсија – од 4,3%.

„Пазарот е исклучително хетероген и се развива со различна брзина во зависност од регионот. Цените се зголемуваат во некои области, но се уште продолжуваат да се намалуваат во други“, се наведува во извештајот на компанијата.

Во голем дел од провинциите, сепак цените бележат пораст во последните три месеци на 2015-та година во однос на истиот период од минатата година. Затоа компанијата очекува во оваа година пазарот да продолжи да се стабилизира и да совладува регионалните разлики. Остри растови се малку веројатни, според експертите.

Други компании за недвижности во предвид имаат и посилен раст на цените на куќите во Шпанија, особено на новите станови – од редот на 3-4% на национално ниво и над 6 отсто за регионот на главниот град Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП