23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Обврзниците во преден план...

Македонска берза: Обврзниците во преден план…

mk berza

На тргувањето на Македонската берза, денеска беше остварен солиден промет од над 16 милиони денари, за што најмногу заслуга имаа обврзниците со учество од преку 80 отсто.

Најтргувани беа обврзниците од деветтата и шестата емисија, коишто забележаа промет од речиси 10 милиони денари и 3,4 милиони денари респективно.

Од вкупно 10 хартии од вредност со кои се тргуваше во петокот, пет го завршија денот со пад на вредноста, четири хартии од вредност забележаа пораст, додека само една не ја промени вредноста.

На врвот на добитничката листа со раст на вредноста од 2,60 отсто се најдоа акциите на „Окта“ АД Скопје. На спротивната листа, со најголем пад се најдоа акциите на „Охридска банка“ Скопје.

Индексот на најликвидните компании МБИ-10 денеска падна за 0,21 отсто. Убедливо најтргувана акција и во петокот беше акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје со вкупен промет од 1,5 милиони денари каде се реализираа 647 акции по просечна цена од 2.319 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП