11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Германските компании се арогантни“

„Германските компании се арогантни“

kina4

Повеќето граѓани во Кина сметаат дека германските компании на кинескиот пазар се арогантни, но за квалитетот на германските производи речиси немаат никаква забелешка.

Како што покажуваат резултатите од анкетата на консултантската компанија „Staufen AG“, околу 51 процент од кинеските испитаници го критикувале арогнатниот пристап на германските компании, речиси 97 проценти од нив „признаваат“ дека нивните производи се со висок квалитет, а 95 проценти сметаат дека германците би требало повеќе да  ги задоволат барањата на кинеските клиенти.

„Овие резултати покажуваат дека геманските компании во Кина не смеат да злоупотребуваат и дека нивните производи треба да ги прилагодат според побарувачката на пазарот“, изјави шефот на „Staufen AG“, Маркус Франц и укажа дека овие резултати се негативни за геманските компании.

Така, 84 проценти од кинеските испитаници мислат дека сервисирањето на германската техника мора да биде подобро, а кинеските муштерии, според оваа анкета, не ги сакаат германските „премиум производи“ со екстра квалитет и дизајн, туку машини, кои точно ќе одговараат на нивните потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП