23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе растат каматите на потрошувачките кредити? Мерките на НБРМ почнаа да...

Дали ќе растат каматите на потрошувачките кредити? Мерките на НБРМ почнаа да се применуваат!

kredit

На 1 јануари почна примената на новата мерка на Народната Банка (НБРМ) која треба да ги пренасочи кредитите од домаќинствата кон компаниите. Дали таа ќе предизвика и зголемување на каматите за потрошувачките кредити?

Од НБРМ се децидни – тоа нема да се случи. Објаснуваат дека мерката важи за ново одобрените, а не и за постоечките позајмици и тоа само за оние со рок на враќање подолг од осум години.

„Нема никаква основа за тоа ниту на постоечките ниту на новите потрошувачки кредити. Има банки кои имаат доволно конфорна капитална позиција да одобруваат и ваков тип на кредити но тие се поскапи за нив во овој случај. Она што го поевтинивме со новата мерка се пониските капитални барања за кредитите на корпоративниот сектор обезбедени со деловен простор“, вели Маја Кадиевска – Војновиќ, вицегувернер на Народната Банка.

Мерката всушност предвидува зголемување на капиталното барање за потрошувачките кредити и за минусите на картичките, а намалување за дел од корпоративните кредити што всушност првите ги прави поскапи, а вторите поевтини за самата банка, а при тоа не би требало да влијае на каматните стапки.

Сето ова, според НБРМ, не значело дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално било да се очекува дека ќе го следат сигналот и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити.

„Може да очекуваме кредитен раст од 7 до 8 проценти и во 2016-та година кој ќе биде поддржан и од депознитниот раст како стабилен извор на финансирање на банкарските активности… Политичката ситуација влијае врз одлуките и на банките и на кредитобарателите. Секако дека стабилен политички амбиент е од исклучително значање и затоа сметаме дека ако се помине во најдобар ред не постојат ризици за кредитниот и депозитниот раст“, објаснува Кадиевска – Војновиќ.

Инаку за една година просечниот Македонец се задолжил за дополнителни 105 евра. Кај банките во октомври имал вкупни позајмици од 935 евра, а во истиот месец лани од 830 евра. Во овој период банките на граѓаните секој ден во просек им одобрувале по 704.000 евра нови кредити, со што вкупниот износ пораснал за речиси 214 милиони евра и надминал 1 милијарда и 933 милиони, покажуваат податоците на НБРМ според кои во земјава има точно 966.904 физички лица – кредитокорисници што е речиси половина од вкупното население. Нефункционалните односно кредитите кои тешко се наплаќаат достигнаа 102 милиони евра или околу 5.3% од вкупните позајмици за домаќинствата.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП