23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook ја губи битката за Timeline

Facebook ја губи битката за Timeline

Happy Happy Worksite

Социјалната мрежа „Facebook“ и истоимената компанија која стои позади неа ќе мораат да размислат за судбината на „Timeline“, изум кој не е нивни и на кој најверојатно нема да имаат повеќе право.

„Милиони луѓе секојдневно го уредуваат својот живот на „Facebook“ и досега не постоеше шанса да имаат увид во тоа што им се случувало претходно. Работевме на нашиот „Timeline“ една година. Тоа е приказната за нашите животи и сосема нов начин да се изразиме себеси“, велеше во 2011-та година основачот на компанијата, Марк Цукенберг.

Тогаш тој го претстави „Timeline“ како една од клучните новини во ерата на „Facebook“. Но како што неодамна се испостави,  „Timeline“ и не е сосема нов.

Имено судот во Чикаго овие денови ќе одлучува за спорот меѓу „Facebook“ и компанијата која од 2009-та година ја води интернет страната „Timelines“ и кои на многу сличен начин како и „Facebook“ хронолошки ги уредуваат податоците за животот на корисниците.

Како што сега стојат работите, судијата Џон Дара смета дека „Facebook“ не вовел многу новитети во својот „Timeline“ за да може да го претстави како свој оригинален производ.

Следните рочишта се закажани за оваа недела, но како што пренесуваат медиумите големи се шансите дека „Facebook“ ќе мора го доработи и преминенува својот „Timeline“ доколку сака да го задржи како едно од оргиналните одбележја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП