30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСОРОС ПРЕДУПРЕДУВА: Светот на раб на голема криза

СОРОС ПРЕДУПРЕДУВА: Светот на раб на голема криза

george

Американскиот милијардер Џорџ Сорос, предупреди дека светските пазари се на работ на уште една голема криза и дека актуелната економска слика во светот потсеќа на онаа од 2008 година.

Сорос, на економскиот форум во Шри Ланка рече дека инвеститорите треба да бидат многу внимателни.

“Кина се бори да најде нов модел на раст на економијата, а девалвацијата на нејзината национална валута пренесува големи проблеми на остатокот од светот”, рече Сорос.

“Повраток на позитивните каматни стапки на централните банки е голем предизвик за развиениот свет, а целата ситуација потсеќа на онаа од 2008 година”, изјави Сорос.

Од друга страна, зголемувањето на каматните стапки од страна на САД го зголеми притисокот врз земјите во развој.

Светските пазари на валути, суровини и стока имаа многу тежок почеток на годината, особено кинескиот пазар, каде поради големиот пад на вредноста на акциите, двапати беше стопирана берзата.

Во 2011 година Џорџ Сорос во Вашингтон предупредуваше на можноста од финансиска катастрофа и дека грчката криза ќе биде далеку поопасна од американската криза од 2008 година.

Соросовиот хеџ-фонд од 1969 до 2011 година се зголемувал во просек од 20 отсто годишно. Према Блумберговиот индекс, богатството на милијардерот се проценува на 27,3 милијарди долари. Кариерата ја започна во 1950 година во Њујорк, а светски познат стана во 1992, каде во еден ден по “нападо” на британската централна банка, заработи преку милијарда фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП