26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на патниот правец Катланово – Велес

Магла на патниот правец Катланово – Велес

magla patista 33

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Катланово – Велес е намалена до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во следниве два дена ќе има повеќе сонце. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, и ќе биде релативно топло во однос на овој дел од годината. За време на викендот во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП