11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечка „Палома“ продадена на Полјаци

Словенечка „Палома“ продадена на Полјаци

pal

Словенечката фабрика за хартија „Палома“ ќе биде докапитализирана од страна на полскиот фонд Abris Capital, одлучи доцна во вторник собранието на компанијата, во која меѓу сопствениците е и Словенечкиот државен холдинг, кој има 71 отсто од акциите.

Полјаците за Палома понудиле 15 милиони евра свеж капитал, односно 3,3 евра за акција и така ја победиле словачката компанија Eco-invest, иако та имала понуда од 18 милиони евра. Но, нејзината веродостојност не била утврдена.

Претседателот на управата на индустријата за хартија Палома, Тадеј Госак, по одлуката изјави дека „со докапитализацијата Палома добила стабилна сопственост и инвеститор што ќе може да ги обезбеди потребните средства за модернизација на компанијата, а исто така и подобрување на финансиските резултати, можности за понатамошно инвестирање и јакнење на трговската марка“.

Тој уште додаде дека парите од докапитализацијата ќе бидат инвестирани во обнова на капацитетите за производство на примарна хартија, каде што потребните инвестиции се проценети на сума од 15 до 20 милиони евра.

Палома во следните пет години планира инвестиции од 69 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП