25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна невработеност во еврозоната

Рекордна невработеност во еврозоната

siro1

Невработеноста во еврозоната во февруари се зголеми на рекордни 12 проценти, односно сега таа има нешто повеќе од 19 милиони невработени.

Големата стапка на невработеност е поради продолжувањето на должничката криза која ја задушува економијата на еврозоната, покажуваат најновите податоци кои беа објавени денес.

Во 27 члената Европска Унија невработеноста во февруари се зголемила на 10,9 проценти од 10,8 проценти кои беа забележани во јануари, со 26,34 милиони невработени, покажуваат податоците во соопштението на Европската агенција за статистика Еуростат.

Во споредба со истиот период од минатата година, во еврозоната е регистриран раст на невработеноста од 1,78 милиони, а во ЕУ од 1,81 милиони.

Најголема стапка на невработеност во февруари била забележана во Шпанија (26,3 проценти), Португалија (17,5 проценти) и Грција (26,4 проценти).

Помеѓу земјите со најниска стапка на невработеност е Австрија (4,8 проценти) и Германија (5,4проценти).

Што се однесува до стапката на невработеност кај младите, таа во февруари во еврозоната изнесуваше 23,9 проценти, а во ЕУ 23,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП