21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГерманците стравуваат за работните места во VW поради американската тужба

Германците стравуваат за работните места во VW поради американската тужба

VW workers Germany

Американската тужба против германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ (VW) предизвика загриженост меѓу германските политичари дека паричната казна од неколку милијарди долари би можела да загрози илјадници работни места во таа компанија.

Американското министерство за правда објави во понеделникот дека го тужело VW поради наводно кршење на законот за заштита на природната околина преку специјалниот софтвер кој давал погрешни податоци при еколошките тестови за неколку дизелски модели на неговите возила.

Иако казната веројатно ќе биде далеку помала од теоретски максимално можните 48 милијарди долари, тужбата повторно го доведе VW во центарот на вниманието, и тоа во моментот кога во концернот се надеваа дека напредуваат во разрешувањето на овој скандал.

„Секако дека вестите од САД се загрижувачки за оние коишто се загрижени за работните места во германската автомобилска индустрија“, вели Хубертус Хејл, заменик претседател на пратеничката група на германските социјалдемократи SPD во Бундестагот.

Хејл изразува надеж дека „драматичните последици“ ќе бидат избегнати со брзо и потполно решавање на скандалот. Истакнува дека работниците во VW не би смееле да чувствуваат последици поради оние кои се одговорни за измамата со еко тестовите.

Михаел Фуш, заменик на претседателот на пратеничката група на конзервативците од CDU, вели дека решителниот американски став би можел да ги засили американските производители на автомобили на штета на германските ривали.

Меѓутоа, Керстин Андеа, пратеничка од Зелените, истакнува дека американскиот потег можел да се очекува. „Никому не му е во интерес VW да биде уништен со ова, но не може да постои правен вакуум за компаниите, дури и доколку тие се многу важни за економијата, како VW“, вели додавајќи дека и таа исто така стравува за работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП