1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските податоци и растот на доларот ја притиснаа цената на нафтата

Кинеските податоци и растот на доларот ја притиснаа цената на нафтата

nafta 39222

Цената на нафтата падна денеска на светските берзи притисната од загриженоста за темпото на кинескиот економски раст и силниот долар, кои ја потиснаа во втор план ескалацијата на напнатост на Блискиот исток.

Во Лондон со барелот се тргува по 37 долари, што значи дека цената остана речиси непроменета во однос на крајот на претходниот трговски ден. Позначителни промени нема ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 36,72 долари.

„Цената на нафтата се наоѓа под притисок од распродажбите на кинескиот пазар и силниот долар“, рече Тамаш Варга од лондонски PVM Oil Associates.

Индексите на кинеските берзи повторно паднаа во вторникот, откако во вчерашниот ден потонаа дури седум отсто, разнишувајќи ги берзите ширум светот и присилувајќи ги на интервенција кинеската централна банка и регулаторот на берзите. Дополнителна загриженост за кинеската економија, втор по големина потрошувач на нафта во светот, предизвика веста дека железничкиот превоз на товар во 2015 година остварил рекорден пад.

„Минатата година говоревме за понуда, а побарувачката пријатно не изненади. Новите пак вести од Кина одново ја поттикнуваат загриженоста за побарувачката“, толкува Франк Клумпф од една штудгартска банка.

Дополнителен товар за цената на нафтата во вторникот беше и силниот долар, кој порасна кон кошничката валути.

Нафтените пазари воглавно ја игнорираа засилената политичка напнатост на Блискиот исток. Денеска и Кувајт го отповика својот амбасадор од Иран, по нападите на иранските протестанти на саудиските дипломатски претставништва во Техеран и Машад, поттикнати од погубувањето на шиитскиот клерик во Ријад.

Аналитичарите сметаат дека судирот нема да влијае на цената на нафтата ако производството во регионот остане недопрено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП