10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурода: Јапонската централна банка е подготвена на уште посмели мерки

Курода: Јапонската централна банка е подготвена на уште посмели мерки

kuroda jap

Јапонската централна банка е подготвена да преземе уште посмели чекори за да ја постигне својата цел за инфлацијата. Тоа го изјави Гувернерот Харухико Курода, цитиран од јапонскиот финансиски весник „Nikkei“.

Банката ќе го направи она што може за да го стимулира растот на потрошувачките цени од сегашното ниво, блиску до нула, уверува Курода.

„Како што и секогаш сум велел, подготвени сме да преземеме дури посмели чекори, ако процениме дека е потребно. Ќе го направиме она што треба и сакам категорично да кажам дека апсолутно ќе ја почитуваме целта за 2% инфлација“, смета гувернерот.

Според Курода, Јапонија се уште не се избори целосно со опасноста од дефлација, иако агресивната политика на централната банка за стимулации го врати трендот кон раст. Покрај тоа, тој наведува дека се потребни зголемувања на платите, за да се осигура дека инфлацијата има одржлив раст.

Програмата на централната банка за квантитативни олеснувања започна во април 2013-та година и беше проширена три пати. Сепак напорите за стимулирање на растот на потрошувачките цени не водат до којзнае каков успех.

Прогнозата на банката е дека целното ниво за инфлацијата ќе биде постигнато во второто полугодие на 2016-та година. Банкарите ќе заседаваат на крајот на јануари и оваа прогноза тогаш може да биде променета, посочува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП