На азиските берзи денеска се тргува нестабилно, меѓутоа загубите не се толку големи како претходниот ден кога вложувачите ги преплаши забавувањето на растот на кинеската економија.
На токиската берза индексот Nikkei во вторникот претпладнето беше во минус од 4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Хонгконг, Шангај и Австралија паднаа меѓу 0,3 и 1,5 отсто, Берзанските индекси во Јужна Кореја и на другите пазари благо пораснаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските, во вторникот претпладнето беше непроменет во однос на понеделникот, кога потона за 2 отсто.
На повеќето азиски берзи во вторникот владее нестабилност, додека индексите балансираат на работ од позитивната и негативната област, а инвеститорите внимателни го следат движењето на берзанските индекси, откако претходниот ден на берзата во Шангај тргувањето беше прекинат поради падот на индексот од 7 отсто.
Во вторникот претпладнето кинеската централна банка инјектираше свежи пари на финансискиот пазар за да ги одржи ниски каматите. Одреди и малку голем курс на јуанот во однос на доларот, откако во понеделникот дозволи негов пад на најниското ниво во последните четири и пол години.
Во понеделникот тој потег на централната банка предизвика ставувања од натамошна девалвација на јуанот, а пазарите ги потресоа и сигналите за натамошно забавување на растот на кинеската економија. Поради тоа и цените на акциите остро паднаа и на европските берзи и на Волстрит. Иако во вторникот претпладнето на пазарите беше помирно отколку претходниот ден, според аналитичарите, актуелните проблеми не исчезнале.
Вчера објавените податоци за индустриската активност во најголемите светски економии укажаа, во најдобар случај, на анемичност, додека во САД и во Кина укажаа на забавување на растот.
Нестабилноста на пазарите добро ја отсликуваат осцилациите на цените на нафтата. Во понеделникот прво значително пораснаа поради нестабилноста на Блискиот исток, за да до крајот на денот ги загубат сите добивки поради сигналите за забавувањето на растот во кинеската и во американската економија. Во вторникот претпладне, пак, цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 29 центи, на 37,51 долар, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 27 центи, на 37,03 долари.
И на валутните пазари владее нестабилност. Во понеделникот во еден момент курсот на доларот кон јапонската валута потона на најниското ниво во последните 11 седмици, на 118,68 јени, додека во вторникот претпладнето се движи околу 119,40 јени.
Доларот зајакна и во однос на европската валута, по вчерашните значителни осцилации. Така во понеделникот цената на еврото на момент достигна и 1.0925 долари, за до крајот на денот да се лизне на 1,0780 долари. Претпладнево, пак, се движи околу 1,0830 долари, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0880 долари.