30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајмногу пестициди има во овие овошја и зеленчуци

Најмногу пестициди има во овие овошја и зеленчуци

bigstock-fresh-fruits-and-vegetables-is-15504422

Денес речиси сите користат пестициди за на свежите намирници да им го продолжат рокот на траење и да им го подобрат изгледот.

Кога купувате на пазар продавачите се колнат дека ви нудат здрава и природна храна и дека супермаркетите овошјето и зеленчукот го третираат со хемикалии. Но, тоа не е целосно така бидејќи речиси сите користат пестициди за да бидат во чекор со големата побарувачка на купувачите.

Според американското истражување за зачувување на животната средина и здравјето „Environmental Working Group“ целерот во себе може да содржи дури 60 проценти пестициди. Некои овошја од продавниците содржеле дури 94 проценти пестициди, открива истражувањето. А за жал и во Европа прксата е слична.

Овошја и зеленчуци во кои биле пронајдени најголеми количества пестициди:

1. Домати

2. Пиперки

3. Праски, нектарини

4. Разни видови на зелена салата

5. Спанаќ, блитва, зелка

6. Јагоди

7. Краставици

8. Грозје

9. Грав

Денес навистина е тешко да се најдат свежи продукти кои не се хемиски третирани. Затоа се препорачува дека е најдобро да се јаде овошје и зеленчук кој е биолошки и органски одгледани или од проверени домашни производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП